29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПроменливо, топло и врнежливо

Променливо, топло и врнежливо

Променливо време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе преовладува денеска во Македонија.

Утринската температура ќе се движи од 14 до 22 степени, а дневната од 22 до 33 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со утринска температура до 19 степени и дневна до 32 степени.

Во четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а поинтензивни врнежи се очекуваат во западните и југозападните делови од земјава.

Во петок и сабота условите за нестабилност ќе се намалат, а потоа ќе продолжи периодот на нестабилно време во попладневните часови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП