28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗакрепнување на европските берзи и скок на турската лира

Закрепнување на европските берзи и скок на турската лира

Европскиот берзански индекси и турската лира закрепнуваат денеска по загубата во претходните денови.

Акциите на одделни европски банки изложени на ризик поради нивното работење во Турција претходните денови забележаа пад на вредноста како резултат на брзиот пад на лирата, која од утрово сепак порасна 7,3 проценти.

Падот на лирата во претходните денови го исплаши пазарот поради можноста за прелевање на кризата и покрај оценките на аналитичарите дека глобалниот или европскиот банкарски систем нема да бидат загрозени.

Турската Централна банка вчера најави мерки за зголемување на ликвидноста на банките, но турската лира и берзата продолжија да паѓаат поради стравот на инвеститорите дека власта на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган може да се справи со економските проблеми, како и тензиите со САД. Ердоган ја отфрли можноста за зголемување на референтните камати кои би можеле да го забават економскиот раст, а аналитичарите оценуваат оти ваквата мерка итно е потребна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП