7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБектеши: Годинава Македонија ќе ја посетат еден милион туристи

Бектеши: Годинава Македонија ќе ја посетат еден милион туристи

Министерот за економија, Крешник Бектеши, изјави дека во согласност со податоците на Државниот завод за статистика во врска со зголемувањето на бројот на туристи, очекува годинава да биде остварена целта од еден милион туристи со 3 милиони ноќевања, кои ќе ја посетат земјава.

„Само во јуни годинава во земјата престојувале 102.327 туристи, кои оствариле 243.175 ноќевања, а заклучно со јуни влегле 433.361 турист, односно имаме 923.855 остварени ноќевања“, истакна Бектеши.

Во периодот јануари – јуни 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен 16,4  проценти – кај домашните туристи има зголемување од 9,3  проценти, а кај странските зголемување од 19,8 отсто.

Според министерот, учеството на туризмот во БДП се очекува да биде околу 3  проценти со оглед на тоа што проекцијата до 2020 е тоа да биде 4 отсто, а овој континуиран раст на бројот на туристи автоматски ќе значи и поголем девизен прилив.

„Ова е знак дека се движиме во вистинска насока, а политиките се одлично поставени. Влезот на Република Македонија во НАТО ќе значи и отстранување на последната бариера што честопати е споменувана од странските туристи кои ја заобиколуваат нашата земја, а тоа е прашањето за поголема сигурност и безбедност. Но, тоа ќе значи и засилени инвестиции во туристичката инфраструктура, што секако ќе придонесе за развој на туристичкиот сектор“, потенцира Бектеши.

Тој додаде дека земјите од регионот, кои се дел од НАТО или ЕУ, веќе го почувствувале значењето од членството во насока на засилен економски развој вклучувајќи и развој на туристичкиот сектор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП