2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК го претстави акциониот план за заживување на челичната индустрија

ЕК го претстави акциониот план за заживување на челичната индустрија

chelik2

Европската комисија во Стразбур го презентираше акциониот план за поттикнување на секторот за производство на челик, индустријата од стратешко значење за Европа, која во последните години се наоѓа во голема криза.

„Индустријата за челик има ветувачка иднина во Европа. Со одржувањето на водечката улога во производство на иновативните производи, може да стане и глобално конкурентна“, се вели во извештајот на ЕК.

Акциониот план не предвидува помош за овој сектор преку директна помош, туку преку поттикнување на побарувачката, особено во производството на автомобили со намалена емисија на јаглерод диоксид, како и во одржлив градежен сектор.

Комисијата наведува дека ќе работи на олеснување на пристапот на европските производители кон трети пазари и полесен пристап до суровини и обезбедување енергија по прифатливи цени. Планот предвидува и намалување на трошоците за индустријата за челик со поедноставување на европските прописи, пренесуваат странските медиуми.

Побарувачката на челик во Европа падна за 27 проценти во однос на предкризниот период. Вработеноста во секторот се намали за 10 проценти од 2007 до 2011 година. И покрај тоа, ЕУ и понатака е вториот најголем производител на челик во светот, со вкупно производство од 177 милиони тони годишно, што претставува 11 проценти од светското производство. Во оваа индустрија вработени се 360.000 лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП