25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЈапонски компании ќе инвестираат 2,6 милијарди долари во офшорна ветерна централа

Јапонски компании ќе инвестираат 2,6 милијарди долари во офшорна ветерна централа

Германската енергетска компанија „Innogy“, подружница на „RWE AG“ (Rhenish-Westphalian Power Plant) ќе продаде 41 отсто од акциите од својот проект за изградба на ветерна централа во Велика Британија на јапонските компании „J-Power“ и „Kansai Electric Power“, објави „CNBC“.

Според условите на договорот „J-Power“ ќе се здобие со 25-процентен удел за 2,6 милијарди долари од офшорната ветерна централа „Triton Knoll“, додека „Kansai Electric Power“ ќе купи 16% од акциите на проектот, кој ќе се задржи 59% од сопствениот капитал.

„Triton Knoll“ е 32 километри источно од Линколншир. Проектирана е со инсталиран капацитет од 860 MW. Кога ќе биде целосно функционална, таа ќе може да испорача енергија за 800.000 домаќинства за една година.

Изградбата на офшор објектот се очекува да започне на крајот на 2019-та година, а се планира објектот да проработи во 2021-ва година.

„Бидејќи продолжуваме да го развиваме нашето портфолио низ целиот свет, стратешките партнерства се клучна цел во нашата стратегија“, изјави Ханс Бунтинг, главен оперативен директор за обновливите извори на енергија во „Innogy“.

„Во лицето на „J-Power“ и „Kansai Electric Power“ сме нашле искусни и доверливи партнери. Драго ни е што можеме да работиме со нив за да ја изградиме ветерната централа „Triton Knoll““, вели Бунтинг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП