17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИмотите во Њујорк се најскапи во САД

Имотите во Њујорк се најскапи во САД

Њујорк го надмина Сан Франциско како најскапото место за живеење во САД, покажува извештајот на компанијата за имот и анализи „NeighborhoodX“, цитиран од „CNBC“.

Имотите во Менхетен се најскапи во САД од гледна точка на цена на квадратен метар, а средната вредност на становите таму е над два пати повисока, отколку во останатите градови во земјата.

Просечната цена на квадратен метар на имотите во Менхетен е 19.084 долари, така што го надмина Сан Франциско, каде што просечната цена на становите достигнува 9.709 долари. Топ пет се дополнува од Бостон, Вашингтон и Мајами Бич, каде што цените на имотите достигнуваат односно 6.307 долари за м2, 5.543 долари за м2 и 5.425 долари за м2.

Најскапиот имот во Менхетен се нуди по цена од 108.221 долари за м2, а само неколку луксузни имоти во други градови ја достигнуваат оваа астрономска сума, се вели во извештајот.

Иако Менхетен ги има најскапите имоти од гледна точка на вредноста по квадратен метар, цената во опсег во реонот е доста широк. Во северните делови на Менхетен цените на недвижностите се намалуваат значително. Во населбата Итуд, на пример, просечната цена е значително намалена – 4.811 долари за м2.

Град како Портланд, Орегон, на пример има значително различен опсег на цените. Таму тие се движат од 1.054 долари за м2 во нискиот сегмент до 11.334 долари за м2 во луксузниот сегмент.

За извештајот „NeighborhoodX“ користела податоци за тендерските цени на имоти, објавени за продажба по пазарни цени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП