4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕрдоган го возвраќа ударот: Бојкот на сите електронски производи од САД

Ердоган го возвраќа ударот: Бојкот на сите електронски производи од САД

Односите меѓу Анкара и Вашингтон значително се влошија во последно време, а турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска дополнително додаде масло на огнот, најавувајќи дека тоа ќе биде проследено со бојкот на електронските направи од САД.

“Важно е да се задржи цврст политички став во екот на дипломатскиот конфликт со САД и падот на лирата”, рече Ердоган.

“Во тек е економски напад врз Турција. Во минатото, таквите работи се правени тајно, а сега се отворени. Можеме да направиме две работи, економски и политички. Ќе преземеме мерки, Министерството за финансии работи деноноќно. Ќе ја бојкотираме цела електронска стока од САД. Тие имаат iPhone, но од друга страна има Samsung. Имаме и локални брендови, тие ќе ги користиме “, изјави турскиот претседател.

Лирата падна затоа што инвеститорите се сомневаат дека турскиот претседател ќе биде во можност да се справи со слабеењето на валутата и дипломатскиот спор со САД, кој резултираше со двојно зголемување на тарифите на САД за увоз на челик и алуминиум од Турција.

Ердоган ја отфрли можноста за зголемување на референтните каматни стапки, што би можело да го забави економскиот раст, додека независните аналитичари велат дека подигнување на овие стапки е итно потребно за стабилизирање на турската лира. Новиот претседателски систем во Турција му овозможува на Ердоган да изврши притисок врз централната банка и да го спречи порастот на каматните стапки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП