21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Будва во моментов престојуваат над 70.000 туристи

Во Будва во моментов престојуваат над 70.000 туристи

Во Будва во моментов престојуваат околу 73.000 туристи, што е за неколку проценти повеќе во споредба со лани, соопшти директорот на локалната туристичка организација (ТО), Младен Франовиќ.

„Будва е полна. Се наоѓаме во шпицот на сезоната, па не е неочекувано“, вели Франовиќ за медиумите во земјата.

Тој наведе дека меѓу гостите најбројни се оние од поранешните југословенски држави.

Франовиќ истакна декa Будва годинава бележи подобра наплата на таксата за престој.

„Наплативме околу два милиони евра, а до крајот на денот очекуваме наплата подобра за разлика од лани“, соопшти Франовиќ.

Тој најавувајќи низа манифестации, кажа дека угостителските објекти во Будва очекуваат добар континуитет до крајот на сезоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП