12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОвошјето од Србија поминува шест контроли кога влегува на рускиот пазар

Овошјето од Србија поминува шест контроли кога влегува на рускиот пазар

Министерот за земјоделство, Бранислав Недимовиќ изјави денеска дека е во постојан контакт со руските колеги поради појавата на габи на еден контингент праски и нектарини од Србија, дека е воведен привремен мониторинг на тоа овошје и дека очекува извозот да продолжи по завршувањето на сите анализи.

Тој кажа за ТВ Пинк дека таквите работи се случуваат, особено кога е дождливо и ако транспортот трае подолго.

Министерот потсети дека извозот на праски е при крај, дека  треба да се достават само оние праски што подоцна созреваат и дека во Русија се извезени 40 тони овошје со добар квалитет.

– Имавме нешто слично со крушите, сега сè е во ред. Рускиот пазар „напаѓа” 100 земји и има строги контроли. Нашето овошје поминува шест контроли, како да поминуваме низ сериозни квалификации за Лигата на шампионите, но цената е добра. Русите се грижат за нивниот пазар – рече Недимовиќ.

Тој додаде дека Србија мора да го земе предвид технолошкиот процес од овоштарниците до ладилниците и од ладилниците до пазарот.

– Не велам дека е добро тоа што се случи, но ние треба да ја зголемиме свеста да праќаме само квалитетна стока – објаснува тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП