4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХрватска не е подготвена за еврото

Хрватска не е подготвена за еврото

hrvatska2

Хрватска неможе до 2016 година да го намали буџетскиот дефицит на нивото кое е пропишано од Европската унија, вели хрватскиот министер за финансии Славко Линиќ.

Линиќ изјави дека хрватската влада е спремна да го засили темпото на реформите оваа и наредната година, но дека хрватските структурни проблеми се длабоки за сето ова да може брзо да се реши.

„Секако дека ќе бидеме во можност да го намалиме буџетскиот дефицит под три проценти од БДП во 2016 година, меѓутоа потребни ни се уште неколку години за решавање на структурните проблеми, особено за пензискиот систем и јавниот долг“, изјави Линиќ.

„Нашите пензиски фондови можат да обезбедат помалку од 50 проценти од средствата кои се потребни за исплата на пензиите. Тоа е нашиот најголем структурен проблем и не може да се реши преку ноќ“, додаде тој.

Долгот на хрватскиот јавен сектор сега достигнува 54 проценти од БДП, а се очекува дека ќе порасне на 57 до 58 проценти во наредните месеци, кога владата ќе ги консолидира долговите и во здравството и бродоградбата. Со дополнително задолжување на државата, јавниот долг би можел да се искачи на 60 проценти од БДП.

Линиќ и понатака очекува дека хрватскиот раст оваа година ќе достигне 0,7 проценти, иако повеќето аналитичари очекуваат пад на бруто домашниот производ, петта година по ред.

„Потребни ни се четири до пет години за да ги задоволиме критериумите, дури тогаш можеме да размислуваме за еврото и приклучувањето во еврозоната. Меѓутоа, важно е да го држиме буџетскиот дефицит под контрола, така што, тој нема да влијае врз нашата способност да повлекуваме пари од ЕУ фондовите“, изјави тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП