24 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп го потпиша законот за одбранбена политика вреден 716 милијарди долари

Трамп го потпиша законот за одбранбена политика вреден 716 милијарди долари

Претседателот на САД, Доналд Трамп го потпиша законот за годишната одбранбена политика, вреден 716 милијарди долари, што предвидува модернизација и зајакнување на вооружените сили на САД.

Трамп законот го потпиша на свеченост во американската воена база, Форт Друм, 400 километри северозападно од Њујорк, во присуство на повеќе илјади американски војници.

„Овој закон е најважен за вложување во нашата војска, нашите борци и модернизација на армијата. Благодарение на него ќе ги замениме старите тенкови, авионите и бродовите со најсовремена и најсмртоносна технологија некогаш развиена“, рече Трамп. Тој изрази надеж дека никогаш нема да имаат потреба од употреба на оружјето, но сепак ако дојде до тоа да го применат, противникот нема да има никакви изгледи да извојува победа.

Законот овозможува набавка на 77 најсовремени авиони „Ф-35“, нов носач на авиони и други борбени пловила, како и модернизација на нуклеарниот арсенал, објави „Белата куќа“. Истотака предвидува зголемување на платата на вработените во вооружените сили во износ од 2,6 проценти, што е најголемо зголемување на плата во последните девет години.

Законот ја покрива потрошувачката за фискалната 2019 година, која почнува на 1 октомври.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП