28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурската лира продолжува да паѓа

Турската лира продолжува да паѓа

Турската лира повторно ослабе – десет проценти во последните 24 часа.

Националната валута на Турција се тргуваше по седум лири за еден американски долар ова утро на азиските берзи.

Тоа е пад од 10 отсто од вчера, и продолжи понатаму со силниот пад. Во изминативе неколку месеци лирата загуби 40 отсто од вредноста.

Само во петокот лирата падна за 16 отсто, откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ги одобрил и ги дуплирал тарифите за челик и алуминиум од Турција.

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган и се обрати на нацијата со порака дека во тек е трговска војна против Турција и дека за падот на лирата и инфлацијата нема економски причини.

“Нашиот одговор на оние кои водат трговска војна против целиот свет па и против нашата земја ќе не натера да се свртиме кон нови пазари и нови сојузи”, рече Ердоган.

“Зголемувањето на царинските давачки на турскиот метал ги крши правилата на Светската трговска организација во која и Турција е членка. Не можеме да го прифатиме тоа како завршена работа “, рече Ердоган.

За падот на лирата придонесе конфликтот помеѓу Вашингтон и Анкара во врска со апсењето на еден американски свештеник во Турција.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП