2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕрдоган: САД ѝ забија нож во грбот на Турција

Ердоган: САД ѝ забија нож во грбот на Турција

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека Соединетите Американски Држави ѝ забиле нож во грбот на Турција.

Претходно, турската централна банка соопшти дека е подготвена да ги преземе сите мерки за да ја осигура финансиската стабилност на земјата, како и ликвидноста на сите банки, кога официјалната валута – лирата падна на историски најниско ниво во однос на доларот, како и на азиските пазари.

Од почетокот на годината вредноста на лирата изгуби повеќе од 45 проценти, главно поради загриженоста во врска со влијанието на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган врз економијата, неговото барање за ниски каматни стапки и влошувањето на односите со САД. Дополнително, САД од денеска започнаа со двојно даночење на челикот и алуминиумот увезени од Турција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП