23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМакошпед АД Скопје прокнижи добивка за првото полугодие

Макошпед АД Скопје прокнижи добивка за првото полугодие

Макошпед АД Скопје за периодот Jануари – Jуни 2018 година оствари добивка  во износ од 5.536 илјади денари  искажана во неревидираниот Биланс на успех.

Макошпед АД Скопје нема промени во сметководствените политики и методи на вреднување на ставките во финансиските извештаи споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи.

Остварените вкупни приходи за период Јануари – Јуни 2018 година изнесуваат 38.532 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи за истиот период 2017 година  бележат зголемување од 25,9 %.

Оперативните приходи изнесуваат 34.832 илјади денари и бележат пораст од 23% во однос на оперативните приходи за истиот период 2017 година. Истите учествуваат со 90,4 % во вкупните приходи.

Финансиските приходи изнесуваат 3.700 илјади денари и бележат раст во однос на финансиските приходи за истиот период 2017 година.

Вкупните расходи за период Јануари – Јуни 2018 година во износ од 32.996 илјади  денари бележат незначителен пораст од 0,36 % во однос на вкупните расходи  за истиот период  2017 година. Оперативните расходи во првото полугодие од 2018 година изнесуваат 32.060 илјади денари и истите се намалени за 2% во однос на првото полугодие од 2017 година.

Финансиските расходи изнесуваат 936 илјади денари и бележат пораст во однос на финансиските расходи за истиот период 2017 година .

Вкупните обврски по кредити за првото полугодие во 2018 година изнесуваат 42.623 илјади денари. Истите бележат пад од 13,08% во споредба со истиот период 2017 година и претставуваат 5,53% од капиталот и резервите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП