24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен бројот на туристи во Македонија

Зголемен бројот на туристи во Македонија

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јуни 2018 година изнесува 102 327, а бројот на ноќевањата изнесува 243 175. 

Бројот на туристите во јуни 2018 година, во однос на јуни 2017 година, е зголемен за 20.7 %, а бројот на ноќевањата е зголемен за 23.4 %.

Бројот на домашните туристи во јуни 2018 година, во однос на јуни 2017 година, е зголемен за 15.9 %, а бројот на
странските туристи е зголемен за 22.4 %.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јуни 2018 година, во однос на јуни 2017 година, е зголемен за 11.4 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 29.5 %.

Во периодот јануари – јуни 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 16.4 % и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 9.3 %, а кај странските има зголемување за 19.8 %.

Во периодот јануари – јуни 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е
зголемен за 16.0 % и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6.6 %, а кај странските има зголемување за 21.9 %.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП