3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД двојно ќе ги даночат челикот и алуминиумот увезени од Турција

САД двојно ќе ги даночат челикот и алуминиумот увезени од Турција

Администрацијата на САД потврди дека од денеска ќе почне со дополнително даночење на челикот и алуминиумот увезени од Турција.

Даночењето на челикот, кое моментно изнесува 25 отсто, за два дена ќе биде зголемено на 50 проценти.

„За да се намали увозот на челик, а истовремено и да се зголеми користењето на домашните капацитети, донесов одлука дека е неопходно на 13 август да стапи во сила даночењето од 50 проценти на увозниот челик од Турција“, пишува во одлуката потпишана од американскиот претседател, Доналд Трамп, што ја објави „Белата куќа“.

Трамп во петокот на својот профил на „Твитер“ најави зголемување на царините прецизирајќи дека данокот на челик ќе биде 50, а на алуминиумот 20 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП