25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMaserati „тоне“, но FIAT верува во негово закрепнување

Maserati „тоне“, но FIAT верува во негово закрепнување

Иако во вториот квартал од 2018-та продажбата на „Maserati“ е намалена за дури 41% во однос на истиот период од минатата година, новиот шеф на групацијата „FIAT-Chrysler“, Мајк Менли е убеден дека италијанскиот производител на луксузни спортски автомобили ќе излезе од кризата во која се наоѓа.

Главната причина за така слабите резултати во периодот април-јуни е големиот пад на продажбата на еден од најголемите пазари за автомобили во светот – Кина, каде во вториот квартал се испорачани 69% помалку возила отколку во 2017-та.

Пад меѓутоа е забележан и во Северна Америка (22%), додека во Европа, Блискиот исток и Африка интересот за возилата на „Maserati“ е намален за 23 отсто.

Причина за вака лошата продажба во Кина во вториот квартал е фактот дека властите на оваа земја претходно најавија дека од 1-ви јули царините за увоз на странски автомобили ќе се намалат од 25% нa 15%, па многу кинески дилери го чекаа почекот на јули за да нарачаат автомобили на „Maserati“ и да платат помала царина.

Што се однесува до глобалната продажба, „Maserati“ во првата половина од 2018-та на купувачите ширум светот им беа испорачани 17.200 возила, додека во истиот период од 2017-та беа продадени 25.100 aвтомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП