3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРуските олигарси загубија 3 милијарди долари за ден

Руските олигарси загубија 3 милијарди долари за ден

Руските милијардери загубија над 3,1 милијарди долари само за еден ден, пишува „Bloomberg“. Загубите се последица на предлогот на претседателот Владимир Путин за повисоки даноци во металургијата и приноси на благородни метали.

Советникот на претседателот Андреј Белосов изброи 14 компании, кои би требало да плаќаат повисоки даноци, што веднаш се одрази на богатството на нивните сопственици.

Засегнатите компании ги вклучуваат „MMC Norilsk Nickel PJSC“ контролирана од Владимир Потанин, „Severstal PJSC“ каде најголем акционер е Алексеј Мордашов, како и „Sibur Holding PJSC“ предводена од Леонид Микелсон и Генади Тимченко.

Планот за повисоки давачки за одделни индустрии цели да кон потпора од 500 милијарди рубљи, или околу 7,4 милијарди долари, со што ќе се помогне на трошоците за дел на буџетот на земјата.

Повисоките даноци ќе влијаат исто така и на хемиската индустрија, како и на производителите на ѓубриво.

Предлогот ми изгледа како промоција на неефикасноста, вели Владимир Лисин во е-мејл до „Bloomberg“. Лисин го поседува контролниот пакет акции во „Novolipetsk Steel“ и е претседател на руската алуминиумски асоцијација.

Тој додава дека предлогот би значело дека колку пониска добивка објавуваат, толку помали даноци ќе платат.

Токму Лисин забележа најголеми загуби во петокот, откако акциите на „Novolipetsk Steel“ загубија 5,4% во текот на берзанското тргување. Тоа избриша 832 милиони долари од неговото богатство, додека Виктор Рашников и Алексеј Мордашов загубија по над 400 милиони долари.

Меѓу другите губитници се Роман Абрамович (381 милиони долари), Владимир Потанин (290 милиони долари), Александар Абрамов (221 милиони долари), Леонид Микелсон (182 милиони долари), Алексеј Мелниченко (143 милиони долари) и други.

Најбогатиот Русин, според „Bloomberg“, е Алексеј Мордошов. Тој поседува 19 милијарди долари, а по него се Микелсон и Лисин со односно 18,8 и 18,3 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП