26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОколу 15 минути се чека на граничните премини „Табановце“ и „Богородица“

Околу 15 минути се чека на граничните премини „Табановце“ и „Богородица“

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

На граничниот премин Табановце, за излез од државата се чека околу 10 – 15 минути, a исто толку се чека и на граничниот премин Богородица. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги чекања за влез и за излез од државата, соопшти АМСМ.

Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП