25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHeineken размислува да ги затвори своите фабрики во Бразил

Heineken размислува да ги затвори своите фабрики во Бразил

„Heineken NV“ кој е вториот по големина производител на пиво во светот, размислува за затворање на две фабрики во североисточен Бразил како „крајна мерка“, откако локалниот суд и нареди на компанијата да продава пиво и безалкохолни пијалоци во регионот со цени кои на неа и носат загуби, објави „Ројтерс“.

„„Heineken“ води судски спор со „Grupo LGH“, кој се однесува за нејзините продажни цени на нејзините производи во државите Пернамбуко и Параиба“, се вели во пораката. Судот наведува во одлуката „Heineken“ да продава пиво и безалкохолни пијалоци на локален дистрибутер со цени, кои не ни овозможуваат да ги покриеме трошоците“, соопшти компанијата.

„Поради овие одлуки „Heineken“ ќе ја преиспита својата стратегија во североисточните држави и размислува за екстремни мерки“ како затворање на фабриките. Двете фабрики, кои може да бидат затворени, се наоѓаат во државите Баија и Пернамбуко“, станува јасно од соопштението. Не се открива детали за мешавината на производи во овие фабрики.

Откако минатата година „Heineken“ купи загубарски бизнис во Бразил на јапонската компанија „Kiring Holdings“ за 1,2 милијарди долари, таа оперира со 15 фабриката во земјата.

Во првото полугодие „Heineken“ ги намали очекувањата за профит за целата година поради слабоста на валутата на некои попрофитабилни пазари и експанзијата во Бразил.

Весникот „Valor Economico“ во петокот објави дека затворањето на фабриките се размислува, бидејќи пресудата би донела вкупна загуба од 90 милиони реали (23,4 милиони долари) во минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП