3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВиталиа излезе со изјава во врска со резултатите од суперанализитие на АХВ

Виталиа излезе со изјава во врска со резултатите од суперанализитие на АХВ

„Европската Унија дозволува минимум концентрација на ГМО во храната и сè што е под 0,9 отсто се третира како Нон ГМО. Истото законодавство го има и Србија, поради што суровините  кои се набавени од страна на нашата компанија се со спецификација согласно ЕУ регулативата и со потврда дека производите се произведени од генетски немодифицирана соја.

Со новиот правилник во Македонија донесен пред три години, со кој се забранува било какво присуство на генетски модифицирани организми, Македонија се оддалечува од европското законодавство што може сериозно да му наштети на стопанството. 

Во корист на индустријата и потрошувачите Виталиа ќе побараа хармонизација со европското законодавство, затоа  што Правилникот е неконструктивен и ваквите отстапувања само предизвикуваат паника кај јавноста“, се вели во изјавата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП