24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе размислува за интервентна мерка за стабилизирање на откупот на сливите

Се размислува за интервентна мерка за стабилизирање на откупот на сливите

Tим од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) денеска во Радовиш одржа работен состанок со производителите и откупувачите на сливи.

Како што информираат од министерството, на состанокот се разговарало за моменталната состојба со откупот и откупната цена, со цел да се најде решение од заеднички интерес за стабилизирање на откупот, како и за развивање на пазарот на слива во Македонија.

„Производителите и откупувачите ги изнесоа своите предлози, кои ќе бидат разгледани од страна на МЗШВ. Владата преку МЗШВ навреме ќе реагира и ќе преземе соодветни мерки за стабилизирање на откупот, исто како што годинава се реагираше за доматите, а минатата година за лубениците и за праските. Во таа насока Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, веќе размислува за воведување на интервентна мерка за стабилизирање на откупот на сливите“, се наведува во соопштението.

Во годинешната Програма за финансиска поддршка во земјоделството, производителите на сливи имаат можност да аплицираат за субевнеција од 3 денари за килограм предадени сливи во преработувачки капацитети.

Од МЗШВ додаваат дека согласно поднесените барања за директни плаќања за површини со сливи за 2018 година, пријавени се 2 788 лица со вкупно пријавена површина од 2 121 хектари. Просечните приноси за 2018 година се 20 тони од хектар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП