3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританската економија загуби инерција во јуни

Британската економија загуби инерција во јуни

Британската економија покажува знаци на забавување во вториот квартал од годината, откако студената зима стана причина за некое задоцнување во претходните три месеци. Сепак резултатите за јуни оствари загуба на инерцијата.

Бруто домашниот производ во земјата (БДП) се зголеми за 0,4% во периодот од април до јуни – во склад со прогнозите на анкетата од економистите на „Ројтерс“, соопшти британската Национална статистичка служба.

Економијата на Велика Британија се забави по референдумот за излегувањето на земјата од Европската унија во 2016-та година и се очекува да продолжи проширувањето со побавно темпо во споредба со повеќето други развиени економии.

Податоците за кварталот по секоја веројатност ќе ја потврди одлуката на Англиската централна банка (ВоЕ) од минатата недела за зголемување на каматните стапки до нов рекорден раст по финансиската криза од 0,75%.

„Економијата се забрза малку во вториот квартал, како и продажбата на мало, и градежништвото беа потпомогнати од убавото време по последиците од снегот порано во текот на годината“, објавија од службата за статистика.

Сепак производствениот сектор продолжува да заостанува од највисоката точка на крајот на минатата година, а главен раст останува скромен наспроти историските стандарди.

Во јуни економијата на земјата се зголемила за 0,1%, откако забележа 0,3% раст во мај. Вредностите се под прогнозите на „Ројтерс“ за зголемување од 0,2%.

Подоброто претставување во вториот квартал е диктирано главно од услужниот сектор, посочуваат уште од статистичката служба.

Тримесечниот раст за периодот април-јуни во трошоците за домаќинствата се забрзува благо до 0,3% од 0,2% за претходниот период, но останува само 1,1% повисоко во споредба со претходната година – најслабото годишно зголемување од почетокот на 2012-та година.

Наспроти 2017-та година економијата расте со 1,3% во вториот квартал – сосема малку над најниска вредност за скоро шест години, која беше достигната во првите три месеци од годинава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП