27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија и Кина го блокираат обидот на САД за нови санкции против...

Русија и Кина го блокираат обидот на САД за нови санкции против Северна Кореја

Русија и Кина го блокираат обидот на САД за воведување нови санкции за Северна Кореја, објави АФП.

Барањето беше проследено по одлуката на Министерството за финансии на САД да наметне еднострани санкции на руска банка, севернокорејски функционер и две компании.

Русија и Кина побараа Советот за безбедност да го разгледа ублажувањето на санкциите за да се награди Северна Кореја за започнување на дијалогот за запирање на ракетните тестови.

САД, сепак, повикаа на максимален притисок додека Северна Кореја целосно не ги укине програмите за нуклеарни и балистички ракети.

Претходно, вчера, севернокорејското Министерство за надворешни работи ја осуди одлуката на САД за наметнување нови санкции. Oттаму се заканија дека ќе го задржат нуклеарното оружје ако Вашингтон продолжува со санкциите.

Советот минатата недела усвои три пакети санкции што директно удираат врз економијата на Северна Кореја преку забрани за увоз и извоз, како и за ограничувања во банкарството. Денеска вторпат во период од три недели Русија и Кина се спротивствија на барањето на САД за заострување на санкциите за Северна Кореја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП