Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ГРЕКО: Многу нејаснотии за антикорупциската поставеност на пратениците и обвинителството

Време: 14:42

Датум: август 10, 2018

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Групата држави против корупцијата, ГРЕКО, тело на Советот на Европа, во вчера објавениот извештај порача дека борбата против корупцијата во Македонија е разочарувачка.

ГРЕКО оценува дека од деветнаесет формулирани препораки, земјата задоволително исполнила шест, додека пет се неимплементирани, а осум само делумно.

Ова се петте неимплементирани препораки во Макеоднија за кои ГРЕКО смета дека се „очигледно разочарувачки“.

– Препорака 2

Оваа препорака се однесува на превенцијата на судир на интереси и примање подароци и други погодности во рамки на Собранието. Иако властите во Македонија сметале дека препораката е обработена преку Кодексот за етичко однесување на пратениците, ревидиран во 2016 и усвоен на 11 јуни 2018, ГРЕКО, иако го поздравува усвојувањето на овој Кодекс, истакнува дека е недоволен.

Па така, на пример, изјавата дека “пратеникот е должен да ги почитува правилата што се однесуваат на спречување на конфликтот меѓу јавниот и приватниот интерес“ не е доволно прецизна дефиниција. ГРЕКО потсетува и дека останува нејасно што е со “протоколарните подароци“ и дека не е дефинирано што се случува со нив – дали треба да бидат одбиени, пријавени или предадени до Собранието.

ГРЕКО посочува и дека списоците за прекршоци и сериозни прекршоци во Кодексот се однесуваат само на ситуации кои вклучуваат гласање, додека прекршувањата за подароци не се јасно покриени.

-Препорака 3

Оваа препорака се однесува на односите на пратениците со лобистите и други лица кои имаат за цел да влијаат врз законодавниот процес.

Во овој дел повторно, во својата аргументација пред ГРЕКО, властите во Македонија се повикуваат на постоечки закони, извештаи и експертски анализи, кои иако ГРЕКО ги поздравува, повторно ги смета за недоволни или ирелевантни.

За ГРЕКО, нема нов развој и конкретни предлози во оваа област кои би утврдиле јасни правила на однесување за пратениците кога тие имаат контакти и средби со лобисти и трети лица. Тоа вклучува мерки како проверка на идентитет, вкрстени проверки со постоечки регистри, сфаќање кои интереси ги претставува лобистот и други мерки на транспарентност. Групата потсетува дека ова препорака се однесува и на трети страни кои не се нужно професионални лобисти, вклучително и странски власти и здруженија кои застапуваат национални или деловни интереси.

Препорака 4

Оваа препорака се однесува на предвидување санкции и соодветни мерки во сите случаи на повреда на правилата од страна на пратениците.

ГРЕКО оценува дека “податоците кои се поднесуваат се однесуваат само на одредена област на пријавување на имот и не постојат конзистентни и убедливи податоци за конечниот исход на постапката и за казните што се применуваат во однос на санкциите предвидени со правилата“. Понатаму ГРЕКО смета дека мерките за извршување се слаби и не се доволно исцрпни, дека одредени санкции не се доволно разубедувачки или се значително пониски од она што законот го пропишува.

Препорака 5

Оваа точка препорачува укинување на членството на министерот за правда во Судскиот Совет.

Иако власта вели дека во пракса министрите за правда од последните две влади не учествувале во работата на Советот, и дека со тоа во пракса се спроведува препорака за исклучување на министерството, ова не е доволно за ГРЕКО.

ГРЕКО изразува жалење што повеќе нема шанси за отстранување на министерот за правда од Судскиот Совет.

За групата, “ризик од политичко влијание секогаш постои, без формално гласачко право или дури и без формално присуство на министерот на состаноци“.

-Препорака 16

Оваа точка се однесува на ревизијата на дисциплинскиот режим за обвинителите, со цел јасно дефинирање на повредите и проширување на опсегот на санкциите, а посебно да се овозможи разрешување на обвинителите само во случаи на најсериозни повреди.

Во овој дел, ГРЕКО смета дека неимплементирањето се должи на тоа што реформата е во рана фаза.

Властите ветиле дека усвојувањето на новата нацрт-верзија се очекува во октомври 2018. ГРЕКО го поздравува фактот што оваа реформа станала реформски приоритет.

Тања Милевска

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Италијанската влада: Не сакаме да ги видиме сликите од Париз

    Италијанската влада: Не сакаме да ги видиме сликите од Париз

    Италијанската популистичка влада ги предупреди европските партнери дека социјалната стабилност на земјата е изложена на ризик ако Брисел продолжува да не го прифаќа утврдениот буџет…

  • МЗ обезбеди средства за вложениот труд на стоматолозите специјализанти

    МЗ обезбеди средства за вложениот труд на стоматолозите специјализанти

    За првпат Министерството за здравство од оваа година обезбеди средства за вложениот труд на приватните специјализанти, соопштија од Министерството од каде додаваат дека обезбеден е…

  • Трговскиот суфицит на Германија се намали во октомври

    Трговскиот суфицит на Германија се намали во октомври

    Германскиот трговски суфицит се намали до 18,3 милијарди евра во октомври 2018-та од 19,1 милијарди евра за истиот месец од претходната година, а увозот се…

  • Снегот пристигнува – што нудат нашите скијачки центри?

    Снегот пристигнува – што нудат нашите скијачки центри?

    Скијачката сезона е на прагот, на планините падна и првиот снег иако во мали количини кои се уште не се доволни за зимските спортови. Понудата…

  • BBC: Меј го откажува гласањето за Brexit

    BBC: Меј го откажува гласањето за Brexit

    Британската премиерка, Тереза Меј, го откажува гласањето во парламентот по прашањето за одобрување на нацрт-договорот за „Brexit“, кој го прифатија лидерите на Европската Унија, објави…

  • ММФ: Одложувањето на растот на економијата на САД ќе биде посилно во 2020-та

    ММФ: Одложувањето на растот на економијата на САД ќе биде посилно во 2020-та

    САД ќе ги почувствуваат последиците од истакнатото забавување на растот во остатокот од светот, предупреди синоќа главниот економист на Меѓународниот монетарен фонд Морис Обсфелд. Тој…

  • Бензините поевтинуваат за 1,5 денари, дизелот за 2,5

    Бензините поевтинуваат за 1,5 денари, дизелот за 2,5

    Малопродажните цени на бензините од ноќеска на полноќ се намалуваат за 1,50, а на дизел горивата за 2,50 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија…

  • Поскапување на паркингот во денови на енормно загадување на воздухот

    Поскапување на паркингот во денови на енормно загадување на воздухот

    Советот на Град Скопје денеска ќе расправа за поголем број одлуки и програми за работата на Град Скопје. На денешната седница Советот ќе решава за…

  • Тевдовски: Во Македонија има претпријатија кои се општествено одговорни

    Тевдовски: Во Македонија има претпријатија кои се општествено одговорни

    Министерот за финансии, Драган Тевдовски го отвори овогодишниот „Форум на добри компании“ организиран од „Паблик“, а поддржан од Европската Унија и Германската Амбасада. Тој и…

  • Штрајкот на германските железничари ги стопира меѓуградските возови

    Штрајкот на германските железничари ги стопира меѓуградските возови

    Штрајкот на железничарите поради спорот околу платите со работодавачите ги стопира меѓуградските возови ширум Германија, објави железничката компанија „Дојче бан“. Од компанијата велат дека доцнењето…