20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндексите на Волстрит стагнираат, доларот јакне

Индексите на Волстрит стагнираат, доларот јакне

Акциите на Волстрит денес стагнираат, додека европските берзи паѓаат.

Во попладневните часови, британскиот индекс ФТСЕ 100 падна за 0,7 отсто, францускиот ЦАЦ 40 за 0,2 отсто, додека единствено германскиот ДАХ се зголеми за 0,3 отсто, објави агенцијата АП.

Во САД, пораснаа акциите на технолошките компании, а на енергетските компании и на банките опаѓаат.

Доларот се искачи на 110,99 јени од вчерашните 110,96 јени, додека еврото падна на 1,1591 долари од 1,1619 долари.

Во Азија, јапонскиот индекс Никеи се намали за 0,2 проценти, корејскиот Коспи се зголеми за 0,1 проценти, а хонгконшкиот Ханг Сенг за 0,9 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП