29 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоловина од Британците се за референдум ако преговорите за брегзит завршат без...

Половина од Британците се за референдум ако преговорите за брегзит завршат без договор

Ако преговорите за брегзит завршат без договор, половина од граѓаните на Велика Британија сметаат дека треба да се организира референдум за конечна одлука дали да се напушти ЕУ, според една студија во која се вклучени повеќе од 10.000 граѓани.

Како што се испостави, двојно повеќе граѓани сметаат дека е подобро да се организира референдум, отколку таа одлуката да се препушти на парламентот, објави Ројтерс.

Истражувањето на групата „Луѓето гласаат” спроведено од 31 јули до 7 август покажа дека 45 отсто од граѓаните го поддржуваат референдум по завршувањето на преговорите, додека 34 отсто се спротивставија.

На прашањето за тоа кој треба да одлучи за останување или напуштање на ЕУ, 50 отсто истакнаа дека тоа треба да го сторат граѓаните на референдум, додека 25 проценти сметаат дека тоа треба да го направи парламент.

Според истражувањето, 74 отсто од анкетираните сметаат дека преговорите на Велика Британија и ЕУ се одвиваат лошо, а 68 отсто од нив смета дека Велика Британија ќе поминуваат лошо.

Британската премиерка Тереза ​​Меј неколку пати ја отфрли молбата за јавно изјаснување за брегзитот, велејќи дека јавноста за тоа сеизјаснила на референдумот што се одржа на 23 јуни 2016 година, на кој 51,9 отсто од гласачите се изјаснија за напуштање на ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП