3 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМедведев: Економските санкции против Русија можат да се толкуваат како објава на...

Медведев: Економските санкции против Русија можат да се толкуваат како објава на економска војна

Засилувањето на економски санкции против Русија можат да се толкуваат како објава за економска војна, поради што е неопходно да се одговори со сите методи – економски и политички, изјави рускиот премиер Дмитриј Медведев.

„Како и да размислувале нашите западни партнери, во смисла дека сме лоши или спроведуваме лоша политика, поентата е една, а тоа е дека се ограничува нашата економија, што значи дека мерките се одразуваат на нашата валута“, изјави Медведев.

Тој рече дека ова не е прв пат, Русија да се соочи со санкции, како и дека слични работи своевремено се случувале и во Советскиот Сојуз.

„Нашата земја во последните 100 години живееше во услови на постојан сакционен притисок. Тоа се прави со цел Русија да се отстрани од списокот на моќни конкуренти на меѓународниот пазар“, оцени Медведев.

Рускиот премиер наведе и дека Америка спроведува нелојална конкуренција, а тоа пред сѐ се однесува на извозот на гас во Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП