2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманските компании се сериозно погодени од санкциите на Трамп

Германските компании се сериозно погодени од санкциите на Трамп

Германските компании се соочуваат со зголемена штета поради санкциите на Доналд Трамп, вклучувајќи ги и оние против Иран, како и тарифите што ги воведува со Кина, предупредува германската бизнис асоцијација.

“Секако дека американската политика влијае врз надворешната трговија на Германија”, рече трговското здружение  BGA Holger Bingman за Ројтерс.

Шефот на одделот за надворешна трговија на Сојузната стопанска и индустриска комора на Германија (DIHK) Фолкер Трејер, тврди дека меѓународната средина станува сé покомплексна за германските компании.

Според него, многу германски трговски партнери се погодени од мерките на САД, кои за возврат го оштетуваат нивниот бизнис со германските компании.

Бингман ја повика германската влада да претстави план за заштита на германските компании од најновите американски санкции против Иран, наведувајќи дека ако Берлин не го стори тоа, германските компании би можеле постепено да престанат да прават бизнис таму.

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, во понеделникот рече дека Германија, Франција и Велика Британија се решени да ги заштитат европските компании што работат во Иран користејќи го блокирачкиот статут, европски закон за блокирање на санкции.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП