27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрговската војна веќе затвора фабрики во САД

Трговската војна веќе затвора фабрики во САД

Компанија, која се наоѓа во Јужна Каролина, САД, планира да го отпушти речиси целиот персонал од 126 лица поради трговската војна.

„Element Electronics“, која е вклучена во производството на телевизори, ги информираше државните органи за евентуалните технолошки вишоци. Компанијата планира да ја затвори својата фабрика во Винчестер, пренесе „CNN“.

„Element Electronics“ наведува дека отпуштањата и затворањето е директна последица на царините наметнати од САД за увоз на стока од Кина, кои реално имале влијание во испораките на важни елементи потребни за составување на телевизиските приемници.

Отпуштањата ќе започнат во октомври, оставајќи ја компанијата со само 8 вработени до крајот на годината.

Од „Element Electronics“ посочуваат преку објавување на „Twitter“ дека работи предметните делови да бидат исклучени од листата со царините, како и дека се надева дека ќе може да го избегне затворањето на фабриката која може да проработи повторно во рок од 3 до 6 месеци.

Канцеларијата за продажба во САД, која управува со апликации за исклучоци од новиот царински закон, не коментираше на ова прашање.

Во јули, САД наметнаа 25% давачка на кинески стоки во вкупна вредност од 34 милијарди долари. Кина веднаш одговори и наметна сопствени реципрочни царински давачки за увоз на американски стоки.

САД планира воведување на дополнителни царински тарифи на уште кинески стоки во вредност од 16 милијарди долари, а се очекува овој втор бран да стапи во сила од 23-ти август оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП