28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинеските тарифи за американскиот гас ќе го променат глобалниот енергетски пазар

Кинеските тарифи за американскиот гас ќе го променат глобалниот енергетски пазар

Одлуката на Кина да воведе 25-процентна царина за увозот на американски стоки од 60 милијарди долари неизбежно ќе влијае на енергетскиот пазар, бидејќи во списокот од поставени производи спаѓа и американскиот „LNG“, сметаат аналитичарите, цитирани од „CNBC“.

Чекорот на Кина предизвика универзално збунетост кога порано во текот на годината втората по сила економија во светот одби да го додаде горивото во листата со производи врз кои ќе бидат наметнати давачки. Досега азиската земја гледаше на природниот гас како средство за справување со проблемот околу чистотата на воздухот и ограничувањето на штетните гасови.

Работите се променија откако трговската војна со САД ескалира драматично во текот на изминатите недели, па многу од аналитичарите се сомневаа дека Пекинг ќе си дозволи да „удри“ врз испораките на американски гас.

САД се најголемиот производител на природен гас во светот и еден од водечките извозници на течното гориво.

„Ако бидат запишани царините врз течниот природен гас, тоа ќе предизвика сериозни нарушувања во американскиот гасен принос, како и врз плановите на претседателот Доналд Трамп“, смета Хуго Бренан, аналитичар во консултантската агенција „Verisk Maplecroft“.

Тој додава дека геополитичката динамика ќе ги поткопа напорите на американските извозници да се наметнат како доминанти во енергетскиот пазар во Кина.

Кина е еден од најголемите увозници на течен гас според податоците од изминатата година. Ова се очекува да ја предводи земјата на врвот на листата во 2019-та година.

Во 2017-та година околу 15% од американскиот течен гас бил транспортиран до пределите на Кина.

Сегашниот застој претставува акутна промена на ситуацијата од почетокот на годината, кога Пекинг предложи на САД да купи поголема количина гас, за да ја редуцира низата на билатерален трговски дефицит.

Сега тоа изгледа како далечна перспектива, имајќи го во предвид неуспехот во разговорите на високо ниво и заканите за одмазднички чекори меѓу двете светски економии.

Некои аналитичари сметаат дека растот на испораките на американски течен гас е нешто што не може да биде запрено – со или без интервенција на Кина.

Во моментов поголемиот дел од извозот на гас од САД е безбеден со долгорочни договори, па влијанието на можните кинески царини ќе биде ограничено барем до истекот на договорните рокови. И сепак пазарот на течниот гас ќе биде засегнат, како и преговорите за склучување на нови договори.

„Воведувањето на 25-процентни давачки, во позадина на силната владина реторика против енергетскиот увоз во САД, најверојатно ќе доведе до обесхрабрување на течниот американски гас до кинеските пазари“, сметаат аналитичарите од „Fitch Solutions Macro Research“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП