Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Ford произвeде 10 милиони Mustang возила

Време: 11:05

Датум: август 9, 2018

Категорија: АВТОБИЗ

Автомобилската компанија Ford го произведе 10 милионитото Mustang возило, најпродаваниот спортски автомобил во Америка во последните 50 години и најдобро продаван автомобил во светот во последниве три години.

Десетмилионитиот Ford Mustang е кабриолет 2019 Wimbledon White GT V8, со 460 КС и 6-брзински рачен менувач. Опремен е со најнова технологија за помош на возачот и е произведен во фабриката во Мичиген.

Првата серија Mustang (VIN001) е произведена во 1964 година, во иста боја и беше модел со три-степен мануелен менувач и V8 мотор со 164 коњски сили.

„Mustang-от е срцето и душата на оваа компанија и е фаворит во целиот свет. Го доживеав истото чувство кога го видов ова возило по улиците во Детроит, Лондон, Пекинг исто како тоа што го имав кога го купив мојот прв автомобил – Mustang coupe од 1966 година, кога се возев низ целата земја како тинејџер. Името Mustang извлекува насмевка на секој јазик“, вели Џим Фарли, претседател за глобални пазари во Ford Motor Company.

Ford го прослави јубилејот со вработените во седиштето на компанијата во Дирборн, Мичиген и во фабриката Флат Рок, САД. Свеченоста ја збогатија три P-51 Mustang борбени авиони од  времето на Втората Светска војна, што се произведени пред повеќе од пет децении, а кои прелетуваа од Дирборн до Флат Рок, каде што моментално се произведува Mustang.

Во текот на 54-годишната историја на производство, Mustang се произведувал и во Сан Хозе, Калифорнија, Метучен, Њу Џерси и фабриката за производство во Дирборн, Мичиген.

Најдобро продаван спортски автомобил

Mustang е најпродаван спортски автомобил во Америка во последниве 50 години. Оваа статистика произлегува од анализата на Ford за вкупниот број новорегистрирани возила во САД од 1966 до 2018 година, во сите сегменти на спортски автомобили, според IHS Markit (компанија која обезбедува податоци и информации за разни индустрии).

Досега, Ford продаде повеќе од 38.000 Mustang возила во Европа, почнувајќи од 2015 година кога моделот за првпат почна да се продава на овие простори.

Исто така, минатата година Mustang го надмина Porsche 911 на 13 европски пазари, меѓу кои се и пазарите во Обединетото Кралство и во Шпанија. Обединетото Кралство, заедно со Германија, Франција, Белгија и Шведска се петте водечки европски пазари за продажба на Mustang во 2017 година.

Подобар од кога било

Најновиот Ford Mustang нуди многу повеќе технологија, возбудливи перформанси и повеќе персонализација. Има поспортски изглед, подобрена внатрешност со помеки материјали на изработка, како и 12-инчен дигитален инфо систем. Подобрените мотори вклучуваат и 5,0 литарски В8 мотор на Ford со 450 КС и 10-степен автоматски менувач. Забрзува од 0-100 km/h за 4.3 секунди, има потрошувачка од 12,1 литар/100 km и 270 грама CO2/km*. Опцијата за мануелен пренос со шест брзини е опремена со новата технологија на Ford за усовршување и за полесни и побрзи префрлања, придружени со „blip“ од моќниот мотор.

Напредните технологии за возење вклучуваат MagneRide* прилагодлива суспензија, избор на различни начини на возење (Drive Modes) и нова изведба на активен вентил за издувување кој обезбедува начин на возење Good Neighbor за рано наутро или доцна навечер. Новата технологија за помош на возачот вклучува поддршка за детекција на предвремени судири, рано откривање на пешаци (Pre-Collision Assist with Pedestrian Detection ) и помош за возење во сопствена лента (Lane Keeping Aid).

Освен ова, Ford, претходно годинава, воведе и ново специјално издание Ford Mustang Bullitt, со што ја прослави 50-годишнината на легендарниот филм на Ворнер Брос, придвижуван од напреден 5.0-литарски V8 мотор.

Ford Mustang е во својата шеста генерација. Покрај водство во продажбата, Facebook страницата на Mustang има повеќе следбеници од која било друга марка автомобили.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Големината е навистина важна: BMW X7 (фото+видео)

    Големината е навистина важна: BMW X7 (фото+видео)

    По четири години од официјалната најава и една година по концептната верзија, „BMW“ го претстави моќниот „SUV X7“ со 3 реда седишта кој на пазарот…

  • „Ауди“ казнет со 800 милиони евра поради издувни гасови

    „Ауди“ казнет со 800 милиони евра поради издувни гасови

    Германскиот производител на автомобили „Ауди“ е казнет 800 милиони евра поради тоа што произведувал и продавал возила со дизел, кои емитуваат штетни издувни гасови повеќе…

  • Електричниот Porsche „отвора“ 1.200 нови работни места

    Електричниот Porsche „отвора“ 1.200 нови работни места

    Германскиот производител соопшти дека погонот во кој ќе се составува првиот сериски модел со електричен погон на „Porsche“ ќе биде „фабрика во фабрика“ со целосно…

  • Офанзивата на Audi 2019-та: 11 нови и редизајнирани автомобили

    Офанзивата на Audi 2019-та: 11 нови и редизајнирани автомобили

    По претставувањето на неколку нови модели на саемот во Париз, „Audi“ и во 2019-та подготвува бројни изненадувања. „Audi“ на парискиот авто-саем ги претстави новите генерации…

  • Како изгледа новиот кинески Passat (фото)

    Како изгледа новиот кинески Passat (фото)

    „Volkswagen“ ја претстави новата генерација на „Passat“ која е наменета за кинескиот пазар. Моделот „Passat“ зa Кина е малку поразличен од оној кој се произведува…

  • Rolls-Royce Cullinan станува хибрид

    Rolls-Royce Cullinan станува хибрид

    „Rolls-Royce Cullinan“, кој беше претставен пред половина година, исто така, ќе добие хибридна верзија, објави британскиот весник „Top Gear“, кој ги цитира на неговите извори…

  • „Тојота“ повлекува 188.000 возила

    „Тојота“ повлекува 188.000 возила

    Јапонската компанија „Тојота“ објави дека ќе повлече околу 188.000 автомобили поради можна неисправност на воздушните перничиња. Со одлуката се опфатени пикап и теренски возила и…

  • За фановите на BMW: Како настанува новата „тројка“ (видео)

    За фановите на BMW: Како настанува новата „тројка“ (видео)

    Баварскиот производител објави пет видеа на кои се забележани различни фази од производството на новата генерација на „BMW Series 3“. Новата „тројка“ дебитираше на саемот…

  • Porsche 911 Speedster влегува во производство

    Porsche 911 Speedster влегува во производство

    Концепт студијата, презентирана по повод 70-тиот роденден на производителот на спортски автомобили Porsche, ќе се произведува како ограничено специјално издание. Точно ќе бидат произведени 1.948…

  • Opel ќе претстави осум нови или освежени модели до 2020 година

    Opel ќе претстави осум нови или освежени модели до 2020 година

    Посилна ориентација кон клиентот Фокус на сегментите со голема продажба и сегменти што брзо растат со три клучни фактори до 2020 година: новата Corsa, Vivaro…