Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Препораки за заштита од топлотни бранови

Време: 11:00

Датум: август 9, 2018

Категорија: ЗДРАВЈЕ

Од 10 до 17 часот кога е најтоплиот период од денот да се избегнува напорна физичка активност, вклучувајќи и спорт и рекреативни активности, да се консумира голема количина течност, да се внесува помало количество храна која не содржи многу маснотии и шеќер, да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на Сонце, да се носат заштитни очила и капа, и да се престојува во затворени климатизирани простории на температура од 23 до 25 степени.

Ова се дел од препораките на Институтот за јавно здравје на Република Македонија за заштита при високи температури.

Во препораките се посочува дека при престој на отворен простор треба да се прават почести одмори под сенка, да се избегнува престој во целосно затворени возила и директен престој на Сонце, да се избегнуваат алкохолни пијалаци и пијалаци кои содржат кофеин, како и екстремно ладни пијалаци.

Хронично болните, посебно тие со срцеви, невролошки и белодробни болести, како што се наведува, потребно е да бидат посебно дисциплинирани во однос на овие препораки и редовно да ја земаат својата редовна терапија. За сите промени во здравствената состојба задолжително да го консултираат својот матичен лекар.

Се препорачува при чувство на зашеметеност, слабост, вознемиреност или имате интензивна жед и главоболка, да се консумира вода или негазиран минарален пијалак, да се побара помош, да се оди се на постудено место колку што е можно побрзo и да се измери својата телесна температура. При болен мускулен грч најчесто во нозете, рацете и стомакот, потребно е да се оди на студено место и да се консумира течност која содржи електролити. Лекарска помош е потребна ако топлотните грчеви траат подолго од еден час.

Пред употреба задолжително треба да се мијат свежиот зеленчук и овошје, и да се прави термичка подготовка на храна и нејзина консумација веднаш по подготовката. Ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фрижидер на четири степени, а пред употребата да се загрее на 100 степени. Треба да се избегнуваат производи кои термички не се обработени, а особено да се внимава со консумација на сладолед и разни кремови, се истакнува во препораките.

Високите температури негативно влијаат на здравјето на луѓето при што се влошува состојбата на тие кои страдаат од кардиоваскуларни болести, респираторни болести и ментални нарушувања. Можат да се јават и акутни ефекти како резултат на изложеност на високи температури, како што се сончаница, топлотен удар, топлотни грчеви, функционални нарушувања на централниот нервен систем…

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Радикален метод за чистење на цревата!

    Радикален метод за чистење на цревата!

    Можно е да ги исчистите цревата во рекордно време, но исто така потребно е одрекување и добра волја… Верувате ли дека за само 48 часа…

  • Овие намирници го хидрираат телото

    Овие намирници го хидрираат телото

    Хидратацијата е секогаш важна за телото. Поради зголеменото потење на телото во летните денови потребно е течностите почесто да се надокнадуваат. Водата е пијалок кој…

  • Имате ослабен имунитет? Еве што треба да јадете!

    Имате ослабен имунитет? Еве што треба да јадете!

    Имунитетот е предуслов за добро здравје, а ако сакате да го одржите силен, внесете промени во вашата исхрана… Загадениот воздух, нездравата храна и големиот стрес…

  • За 5 минути подгответе здрав појадок

    За 5 минути подгответе здрав појадок

    Започнете го денот со квалитетен и вкусен оброк, кој можете да го подготвите за само неколку минути… Состојки – ½ шолја овесни снегулки – ½…

  • Овие јадења предизвикуваат само поголема глад

    Овие јадења предизвикуваат само поголема глад

    Ако постојано сте гладни, имате потреба да внесувате поголемо количество шеќер, ви се јаде благо и не можете да се контролирате, треба да обратите внимание…

  • Овој зачин ги смирува отоците и инфекците

    Овој зачин ги смирува отоците и инфекците

    Магдоносот не е само омилениот зачин за супите и јадењата туку и многу благотворна билка која многу одамна се користи во народната медицина за ублажување…

  • Намирници со кои ќе ги ублажите воспаленијата на мускулите

    Намирници со кои ќе ги ублажите воспаленијата на мускулите

    Внимателно избраните намирници по тренингот ќе го намалат непријатното чувство од воспалението на мускулите… За оние кои одлучиле да се подготват за летото така што…

  • Пет работи кои ќе го одржат вашиот мозок млад и во трето доба

    Пет работи кои ќе го одржат вашиот мозок млад и во трето доба

    Со староста на луѓето, таканаречениот процес на когнитивниот пад се интензивира. Но, тоа не мора да биде така … Играње друштвени игри е еден од…

  • Дињата го зајакнува организмот

    Дињата го зајакнува организмот

    Дињата има значајно место и примена во народната медицина, а се користи плодот, сокот и семките против грчеви, за решавање на проблеми со мочниот меур,…

  • Направете лековит сок кој го спречува развојот на тумори

    Направете лековит сок кој го спречува развојот на тумори

    Овие листови имаат детоксикациско делување на црниот дроб и целото тело, а богати се и со низа други минерали кои позитивно делуваат на целиот организам, како и…