28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБил Гејтс: Трговската војна е „ужасна“ и негативно ќе влијае на економијата

Бил Гејтс: Трговската војна е „ужасна“ и негативно ќе влијае на економијата

Технолошкиот милијардер Бил Гејтс ја опиша глобалната трговија како „ужасна“. Според него таа ќе има силно негативно влијание врз растот на светската економија и побарувачката на работа, соопштува „CNBC“.

Според основачот на „Microsoft“ светската економија се движи со добро темпо во моментов, но има голема веројатност да биде погодена од ефектот на наметнатите давачки од страна на најголемите економии.

„Дефинитивно овој трговски конфликт изгледа страшно, особено доколку луѓето кои бараат работа надвор од сопствената земја, можат да се откажат во еден момент од тоа. Ќе следи негативно влијание врз светската економија, кое може да биде и многу посериозно, ако трговската војна продолжи со наметнувањето давачки“, смета Бил Гејтс.

Голем број земји се вклучени во трговскиот спор, главно инициран од американската администрација на Доналд Трамп. Во текот на изминатата недела Кина соопшти дека е подготвена да возврати на нападот на САД со наметнување на царина за увозот на американски стоки за околу 60 милијарди долари, само еден ден откако од Вашингтон открија дека Трамп разговарал со трговскиот претставник на земјата Роберт Лејтјазер да се подигнат проектираните царински давачки за увезената кинеска стока од 10% на 25%.

Европската унија (ЕУ), Канада и Мексико исто така беа вклучени во конфликтот со САД.

Дополнителното наметнување на давачки може да предизвика сериозни последици за голем број на индустриски области, особено за оние со комплекси мрежи за снабдување, смета основачот на „Microsoft“.

„Реториката дека ќе користиме трговски царини и ќе принудиме некого да направи нешто, може да доведе до ескалација, да се најдеме во ситуација со многу давачки и тоа да го спречи увозот и извозот, како целина, што само по себе ќе претставува сериозна тежина за економски раст и за создавањето на нови работни места“, додаде тој.

Коментарите на Гејтс доаѓаат во позадина на предупредувањата на голем број на големи организации за негативното влијание на растечката трговска војна врз светската економија. Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), изјави во јуни дека доколку траат заканите од страна на САД кон нивните трговски партнери во однос на царините може да го намалат значително глобалниот економски раст до 2020-та година со 0,5% или 430 милијарди долари загубен „БДП“.

Светската трговска организација (СТО), од своја страна, објавува извештај кој покажува зголемување на т.н. „Мерки за ограничување на трговијата“ помеѓу октомври 2017-та и мај 2018-та помеѓу земјите од Г-20. Генералниот директор на „СТО“, Роберто Азеведо, изрази загриженост во врска со овој факт.

„Оваа континуирана ескалација претставува сериозна закана за глобалниот економски раст и за обновувањето на сите земји. Ова е многу добро видено од нас во некои индикатори“, рече Азеведо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП