28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина одговори со реципрочни мерки за новите американски царини

Кина одговори со реципрочни мерки за новите американски царини

Кинеските власти потврдија дека ќе наметнат давачки од 25% врз американски увозни стоки за 16 милијарди долари од 23-ти август – истиот датум, од која во сила ќе влезат и царините на САД, објавени денеска, соопшти „Bloomberg“.

Американското решение за зголемување на кинеските увозни стоки исто за 16 милијарди долари е „многу паметно“ и Кина ќе мора да одговори, за да ги заштити своите интереси и мултилатералниот трговски систем, се вели во соопштението од кинеското Министерство за трговија.

Размената на царини се очекува да ескалира уште повеќе, бидејќи САД ја разгледуваат можноста да ја зголеми големината на царините, кои ги воведоа порано на кинеските стоки за 200 милијарди долари. Во моментов тие се од 10%, а се размислува можноста да бидат зголемени до 25%, што може да се случи најрано до 6-ти септември. Ако овие планови се спроведат, Пекинг има подготвеност да воведе давачки врз американски стоки за 60 милијарди долари.

„Ситуацијата се уште „не ја поминала точката од која нема враќање назад, но е блиску““, вели Ванг Тао од „UBS AG“ во Хонг Конг, пред да биде објавена одлуката на Пекинг.

Американскиот претседател Доналд Трамп најави претходно, дека не е исклучено да ги зголеми царините на целиот кинески увоз, кој минатата година достигна над 500 милијарди долари.

Претходно денеска стана јасно дека извозот на Кина се зголеми побрзо од очекуваното во јули додека увозот се намалил. Од податоците станува јасно дека како домашните, така и странските побарувачки остануваат стабилни, игнорирајќи ја несигурноста околу трговскиот конфликт со САД.

Како најголем извозник во светот Кина продолжува да извлекува корист од стабилната светска побарувачка, иако зголемувањето на тензиите и трговските бариери со САД се одразуваат на нејзините прогнози.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП