27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА3,5 милиони Британци се погодени од повисоките цени на енергијата

3,5 милиони Британци се погодени од повисоките цени на енергијата

Енергетската компанија „Centrica Plc.“ „удри“ милиони свои клиенти во Велика Британија така што ги подигна цените за електричната енергија и природниот гас по втор пат во оваа година, пренесува „Ројтерс“.

Британската компанија го оправдува зголемувањето поради поголемите трошоци за купување на енергија на енергетскиот пазар.

Единицата на „Centrica“ во Велика Британија „British Gas“ – најголемиот снабдувач на енергија за домаќинствата, ќе ја зголеми својата стандардна тарифа во октомври, зголемувајќи ја просечната цена на енергија за 3,5 милиони корисници со планираните 3,8%.

„Свесни сме дека секое зголемување на цените ќе предизвика дополнителни тензии врз потрошувачите и нивните сметки“, изјави Марк Хоџис, извршен директор во одделот за услуги на клиентите во „Centrica“, додавајќи: „Ова зголемување се одразува на драстичното зголемување на цените на енергијата на пазарот“.

По последното покачување на цените во април трошоците за купување на енергија од енергетските пазари се зголемија за 20 отсто, според давателот.

Испораките на природен гас во претходните месеци во британскиот хаб „National Balancing Point“ забележаа раст од 30 отсто од почетокот на април, покажува информациите на британската компанијата за размена на деривати „ICE Futures Europe“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП