20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвтомобилските производители заработија 2.000 милијарди долари во 2017-та

Автомобилските производители заработија 2.000 милијарди долари во 2017-та

Автомобилската индустрија, секако, е една од најпрофитабилните во светот. Само минатогодишниот приход за само првите 20 изнесува 2.000 милијарди долари.

На дното на листата е „Mazda“ со „само“ 31 милијарда долари приходи за 2017-та година.

Со оглед дека „Suzuki“ е еден од 12-те најголеми производители на автомобили во светот, неговите приходи од 34 милијарди долари изгледаат доста ниски, што сепак се должи на фактот дека целиот асортиман на компанијата е на дното на скалата според малопродажните цени.

Кинеската „Geely“, која е сопственик на „Volvo“ и „Lotus“, може да се пофали со приходи од 41 милијарди долари, додека компанијата мајка на „JLR“ – „Tata Motors“, забележа приходи од 46 милијарди долари.

Пред неа е јужнокорејската „Kia“ со 47 милијарди долари, надмината од друг кинески гигант – „Guangzhou Automobile Group“ (GAC) кој изненадува со своите 50 милијарди долари, и овозможи на компанијата да влезе во „Топ 15“.

Понапред се „Renault“ со 66 милијарди долари, „Beijing Automotive“ (BAIC) со 70 милијарди долари, „Peugeot Group“ со 74 милијарди долари и поголемиот „сестра“ на „Kia“ – „Hyundai Motorѕ“, со 93 милијарди долари. Сите се обидуваат да влезат во „Топ 10“, но засега тие не успеваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП