13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталија ќе го продаде својот удел во најстарата банка во светот

Италија ќе го продаде својот удел во најстарата банка во светот

Италија планира да го продаде својот мнозински удел во најстарата светска банка „Monte dei Paschi di Siena“. Ова го изјави министерот за економија Џовани Триа, посочувајќи ги можните несогласувања меѓу владејачката коалиција во Рим.

Државата поседува 68% од финансиската институција, откако и обезбеди финансиска помош во 2016-та година во рамките на 5-годишната спасувачка програма, договорена во соработка со Европската комисија, која вклучува посветеност на Рим да го продаде целиот свој удел во рок кој не се открива.

„Враќањето на пазарот е цел, договорено со Европската комисија и не е доведено во прашање“, изјави Триа во интервју за весникот „Il Sole 24 Ore“, цитиран од агенциите. Ова е прв коментар за иднината на банката, откако новата влада ја презеде функцијата во јуни.

Сепак, неговиот говор е во спротивност со позицијата на високи претставници на владејачката коалиција, во која се вклучени и „Петте ѕвезди“ и екстремно десничарската „Лига“.

Портпаролот на „Лига“ за економски прашања Клаудио Борџи изјави претходно дека банката ќе остане во државни раце и ќе се користи за обезбедување на финансии за локалните заедници.

Во нивниот коалициски договор, владата, исто така, вети дека ќе ја преиспита „мисијата“ на „Monte Paschi“.

Во владата, Триа се смета за поумерен од многуте коалициски партнери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП