3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа премините „Богородица“ и „Табановце“ се чека по половина час за излез...

На премините „Богородица“ и „Табановце“ се чека по половина час за излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Оттаму додаваат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничните премини „Богородица“ и „Табановце“ забележана е зголемена фреквенција на возила, каде времето на чекање за излез од државата е од 15 до 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Предупредуваат и дека во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП