6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина доминира во листата на градови со најбрзорастечки економии

Кина доминира во листата на градови со најбрзорастечки економии

Градовите се двигател на економскиот раст. Тие ги стимулираат иновациите, ги поврзуваат индустриите и служат како клучни јазли во глобалната економија. Во последно време, ова е особено точно за градовите во Кина, коментира „Кварц“.

Според неодамна објавениот извештај на „Brookings Institution“ сите 300 најголеми метрополи во светот формираат речиси 70% од растот на бруто домашниот производ од 2014-та до 2016-та година, но само малку над 20% од растот на населението.

Податоците за анализата беа собрани од „Oxford Economics“ преку Националните статистички агенции и Обединетите нации.

Најголемиот дел од овој развој се должи на кинеските метрополи. Малку над 100 кинески метрополи се рангираат меѓу првите 300, а просечно растат со годишна стапка од 7,2%. За споредба, стапката на раст на не-кинеските градови во првите 300 е 2%.

Да ги земеме за пример кинеските градови Џуни и Гуејан во провинцијата Гуиджоу. Со годишна стапка на раст од соодветно 11,1% и 10,2% меѓу 2014-та и 2016-та година двата града се најбрзо растечките во светот по Даблин во Ирска – а најголемиот број мултинационални компании во ирската престолнина ја искривуваат статистиката за БДП-то на градот. Претходно сиромашниот одделен регион во Кина, денеска Гуиджоу брзо се индустријализираше и рерасна во центар за чување на големи бази на податоци.

Всушност, во првите 50 од рангирањето има само пет градови кои не се кинески. По лидерот Даблин со стапка на раст од 21,2% дури на 10-то место е индискиот Хидерабад, а на 28-мо е друг индиски град – Сурат. На 47-мо место е американскиот Сан Хозе, а на 50-то е главениот град на Виетнам, Ханој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП