22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНафтата поскапе поради воведувањето на санкциите врз Иран

Нафтата поскапе поради воведувањето на санкциите врз Иран

Цените на нафтата пораснаа на меѓународните пазари по повторното воведување на американските санкции врз големиот нафтен извозник Иран, поради што се очекува намалувње на глобалната понуда.

Санкциите официјално стапија на сила по поноќ. Банката АНЗ во соопштение до клиентите објави дека поради санкциите загубите во понудата би можеле да се движат помеѓу 600 и 1,5 милиони барели дневно. Поради тоа, велат, на пазарот на нафтата остануваат тесни односите помеѓу понудата и побарувачката, покрај зголемувањето на производството од членките на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), која настојува да ги надомести загубите.

Многу земји, вклучувајќи ги американските сојузници во Европа, како и Кина и Индонезија, се спротивставуваат на санкциите. Американската влада соопшти дека сака што повеќе земји да престанат да ја купуваат иранската нафта.

Француската банка „Сошиетет женерал“ објави дека во моментов пазарот е добро снабден, но додаде дека поради санкциите во Иран, пазарот ќе остане без милион барели нафта дневно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП