7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen одлучи што ќе прави со Seat

Volkswagen одлучи што ќе прави со Seat

Групацијата „Volkswagen“ планира да го позиционира шпанскиот производител „Seat“ како директен конкурент на „Alfa Romeo“. Идејата е во иднина брендот да се дефинира како „млад, ветувачки и емоционален“, објави шефот на „Volkswagen Group“ – Херберт Дис, цитиран од „Automotive News Europe“.

„Меѓу европската младина „Seat“ е попознат од „Alfa Romeo“. Спротивно – за луѓето на моја возраст „Alfa“ е фантастичен бренд, но тој веќе со години е во опаѓање. Ако ме прашувате за него луѓето на возраст 25-35 години, тие нема да можат да ви кажат ништо“, коментира Дис.

Според раководството на „Volkswagen“, благодарение на промените во својот асортиман и најмногу на појавата на цело семејство кросовери, „Seat“ има огромен потенцијал за зголемување на растот на продажбата. За ова треба да помогне и под-брендот „Cupra“ основан во почетокот на годината. Под него ќе се продадаваат спортски модели на шпанскиот производител.

Првиот модел на „Seat“, кој ќе се натпреварува со автомобил на „Alfa Romeo“, е токму „Ateca Cupra“ прикажан претходно во оваа година. Кросовер се потпира на 2.0-литарски турбомотор со 300 КС, систем за погон на четири тркала, индивидуализирани амортизери и систем за промена на режимите на електронско управување.

Оваа „Cupra“ ќе треба да се бори за клиенти со „Alfa Romeo Stelvio“, кој сепак е достапен и во верзија „Quadrofoglio“ со 2,9-литарски со битурбо V6 мотор кој развива 510 КС. Кросоверот забрзува од 0 до 100 км/ч за 3,9 секунди и развива 285 км/ч.

Не е тајна дека во текот на годините „Volkswagen“ на неколку пати се обидуваше да ја купи „Alfa Romeo“ од „Fiat“. За последен пат поранешниот шеф на германскиот концерн Мартин Винтеркорн преговараше со Италијанците, но повторно доби категорично одбивање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП