Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Федерика Могерини изјави дека сака што поскоро постигнување на слободна трговија со Австралија како пример во борбата против протекционизмот.
Могерини во Сиднеј се состана со шефицата на австралиската дипломатија, Џули Бишоп, со која разговараше за низа теми меѓу кои и либерализацијата на трговијата.
Претставничката на ЕУ наведе дека преговорите за слободната трговија започнале во јуни, а првата рунда разговори е одржана минатиот месец, така што ритамот и брзината се прилично интензивни.
Бишоп изјави дека постигнувањето на трговскиот договор со ЕУ е приоритет за нејзината земја.
Могерини истовремено ја поздрави одлуката на Австралија да постави цивилни соработници во мисијата на ЕУ во Ирак.