ПочетнаЕКОНОМИЈАДржавниот инспекторат за земјоделство неделава ќе ги соопшти податоците за откупот на...

Државниот инспекторат за земјоделство неделава ќе ги соопшти податоците за откупот на пченица

Голем дел од пченицата што е откупена е извезена како сточно брашно. До крајот на оваа недела Државниот инспекторат за земјоделство чии претставници од понеделникот се на терен, ќе излезе со точни податоци колкава количина на пченица е досега откупена.

Ова го соопшти денеска на прес-конференција шефот на Кабинет во Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, Трајан Димковски.

Тој рече дека откупната цена на пченицата зависи од квалитетот, а пченицата која што се откупува од 7 до 8,5 денари за килограм е наменета за сточна храна. Во моментов откупната цена на пченицата со висок квалитет се движи од 9 до 10,5 денари за килограм.

Димовски потенцираше дека МЗШВ работи отворено и транспарентно со сите засегнати страни.

„Уште пред почетокот на жетвата министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, одржа повеќе состаноци со земјоделците и со мелничарите, со цел да се слушнат предлозите на сите засегнати страни и да се овозможи непречен откуп. Политиките и мерките што ги презема Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, се во насока на зголемување на производството и создавање на квалитетен и конкурентен производ“, посочи Дикмковски, додавајќи дека во моментов на квалитетно зрно, отпаѓаат нешто под десет отсто од вкупниот годинашен принос.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП