21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција се подготвува за проширување на пристаништето во Пиреја

Грција се подготвува за проширување на пристаништето во Пиреја

Грција се подготвува да го лансира еден од најголемите проекти на пристаништето во Пиреја, кој предвидува проширување, па да прифаќа поголеми бродови, соопштуваат грчките медиуми.

Аукцијата ќе започне на 31-ви август, а проценетото финансирање на изведувачот, кој ќе биде поставен до октомври, изнесува 170 милиони евра. Кинеската државна компанија „Cosco“, која оперира со пристаништето во Пиреја, веќе најави планови да го промени, со што ќе го прави во пристанишен центар во Средоземното Море, ќе ја стимулира трговијата и ќе го доразвие туризамот со крстарење.

Грчката флота на бродови продолжува да е најголемата во светот, а грчките острови се меѓу најпопуларните туристички дестинации и „Cosco“ планира да ја користи клучната локација на Пиреја, за да го подобри квалитетот во пошироката област.

Проектот предвидува проширување на јужната зона на пристаништето, па новиот терминал да може да прими четири бродови за крстарење од следната генерација истовремено.

Податоците на компанијата оператор на пристаништето „Piraeus Port Authority“ покажуваат дека профитот во 2017-та година пред оданочување се зголемил за 93% и достигна 21,2 милиони евра во споредба со 11 милиони евра во 2016-та година.

Големиот неискористен потенцијал може да помогне Пиреја да се трансформира во туристичка дестинација со изградба на четири нови луксузни хотели во границите на пристаништето, смета „Cosco“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП