19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина е пред САД во 5G трката

Кина е пред САД во 5G трката

САД беше претекната од Кина во трката за изградба на следната генерација безжични комуникации, познати како „5G“, и ризикуваат да ги загубат потенцијалните економски придобивки, покажува новиот извештај на консултантската компанија „Deloitte“, цитиран од агенциите.

Во моментов Кина има 10 пати повеќе поддршка за „5G“ комуникациите од САД. Само за три месеци во 2017-та година кинеските компании за телефони и телекомите додале повеќе места отколку САД за претходните три години, покажуваат податоците на „Deloitte Consulting“.

Првите земји кои ја пуштат следната генерација мрежи, ќе добијат „несразмерни добивки“, бидејќи „5G“ носи „ера на неискористен економски потенцијал“, се додава во извештајот.

Кина ја надмина САД со своите 24 милијарди долари инвестиции од 2015-та година и има изградено 350.000 нови телекомуникациони кули, додека САД имаат направено под 30.000 кули.

Извештајот покажува дека во Кина може да биде поевтино за 35% да се инсталира потребната опрема за да се поврзат телекомите со „5G“ во споредба со САД.

Податоците стануваат јасни во момент во кој Федералната комуникациска комисија во САД најави нова регулација за наддавање за високораспространет спектар, кој се очекува да биде искористен за „5G“ во иднина.

Дан Литман, директор во „Deloitte“, изјави дека „за да можат САД да останат конкурентни и на крајот да бидат лидер, трката за „5G“ треба да биде внимателно оценета и да бидат преземени брзи дејствија“.

САД се уште може да се израмни, се наведува во извештајот, кој и препорачува на земјата да ја коригира својата политика за да се намали времето за интеграција, да ги охрабри телекомите да соработуваат и да спроведе база на податоци со статистички информации и најдобри практики.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП