25 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПредизвиците не треба да предизвикуваат страв кај вас

Предизвиците не треба да предизвикуваат страв кај вас

Шелби Скрхак директорка на одделот за дигитална содржина и социјални медиуми за сајтот „Success“, говори за тоа, колку и покрај големата кариера, е уплашена пред некои предизвици и претставува шест реченици на успешните луѓе со кои успеала да се победи себе и стравот кој ја спречувал да напредува.

1. Не чекајте се да биде како што треба. Никогаш нема да биде совршено. Секогаш ќе има предизвици, препреки и лоши услови за почеток. Па што? Започнете сега. Со секој свој чекор кој ќе го направите ќе бидете посилни, повешти, со повеќе самодоверба и дополнително успешни. – Марк Виктор Хансен.

2. Зборувај погласно. Верувај во себе. Ризикувај. – Шерил Санберг.

3. Пасивноста поттикнува сомнежи и страв. Акцијата поттикнува самодоверба и храброст. Ако сакате да го победите стравот не седете дома размислувајќи за тоа. Излезете надвор и бидете зафатени. – Дејл Карнеги

4. Сите добри говорници некогаш биле лоши говорници – Ралф Валдо Емерсон

5. Работи најдобро што знаеш додека не станеш подобар. Кога ќе станеш подобар работи подобро, Маја Ангелоу.

6. Запомни дека си похрабар од тоа што мислиш, посилен од тоа што изгледаш и попаметен од тоа што мислиш – Кристофер Робин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП