13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШкотска се противи на излегувањето на Британија од ЕУ без договор

Шкотска се противи на излегувањето на Британија од ЕУ без договор

Шкотска ја обвини британската влада за „фалење” околу Брезит и тоа без договор со ЕУ.

Поради ова велат станува се појасно и поверојатно дека Велика Британија ќе излезе од Европската унија, и тоа со големи економски трошоци.

Ваквиот став Шкотска го изнесе непосредно пред состанокот кој треба да го имаат со британската влада, односно со премиерката Тереза Меј.

Вчера пак британскиот министер за трговија, Лиами Фокс, соопшти дека Лондон најверојатно нема да постигне договор со Брисел за напуштање на Европската Унија до крајот на март следната година, кога е и крајниот рок Британија да го пушти блокот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП