27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГодишната инфлација во Венецуела достигна 82,766 проценти во јули

Годишната инфлација во Венецуела достигна 82,766 проценти во јули

Потрошувачките цени во Венецуела се зголемија за 82,766 проценти во 12-те месеци до јули. Ова беше објавено во понеделникот од страна на член на конгресот контролиран од опозицијата.

Хиперинфлацијата на Венецуела продолжува да се забрзува во позадина на економскиот колапс во земјата.

Владата на претседателот Николас Мадуро престана да ги објавува економските показатели пред речиси три години кога започна колапсот на социјалистичката економија во Венецуела. Затоа опозицијата е единствениот извор на вакви податоци, потенцира „Ројтерс“.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) минатиот месец предвиде дека порастот на потрошувачките цени во латиноамериканската земја ќе достигне еден милион во оваа година.

Инфлацијата забави на 125 отсто во јули од 128,4 отсто во јуни, рече опозицискиот пратеник Анхел Алварадо.

Мадуро, кој беше повторно избран во мај, се подготвува да отстрани пет нули од венецуелските банкноти, во обид да ја сопре инфлацијата. Според него, ситуацијата е резултат на „економската војна“ предводена од опозицијата и бизнис лидерите кои произволно ги покачуваат цените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП