11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНадзорот на ЕЦБ ќе очекува намалување на лошите кредити на грчките банки

Надзорот на ЕЦБ ќе очекува намалување на лошите кредити на грчките банки

Значително намалување на лошите кредитни стапки ќе биде побарано од страна на Надзорниот орган на Европската централна банка (ЕЦБ) за грчките банки, пишува весникот „Катимерини“. Во септември, банките ќе ги обезбедат своите цели за намалување на лошите кредити и ќе бидат ажурирани во пролетта 2019-та година, додава весникот.

Веројатно надградената програма ќе вклучува продажба на неповратни кредити, како што е практиката со доверителите во Шпанија и Португалија. Според нивниот надзор, мерката имала непосреден ефект.

Уште еден чекор е рефинансирање на обврските што предвидува и простување на дел од нив, како и отпишување на долговите, особено на малите потрошувачки и бизнис кредити. Но, отпишувањето ќе биде последен потег, бидејќи тоа е лесно како акција, но ги ослабува напорите за поактивно управување со лошите заеми.

Грчките банки ќе мора да обрнат повеќе внимание на продажбата на хипотекарен имот и според проценките во следните три години ќе треба да бидат продадени барем 20.000 заостанати хипотеки. Проценетите приходи од овие аукции се околу 2 милијарди евра.

Банките во Грција веќе започнаа со мерки за отстранување на неподмирениот долг. На пример, Народната банка на Грција бара купувачи на голем пакет лоши заеми, обединети под името „Земјата“, во вредност од 5,2 милијарди евра. Пакетот вклучува околу 300.000 долгови на 200.000 клиенти на банката. Вредноста на овие заеми изнесува 1.9 милијарди евра, но износот значително се зголемува со каматата натрупана во текот на годините.

Во повеќето случаи, ова се мали долгови (во просек околу 10.000 евра), акумулирани на кредитни картички или мали потрошувачки кредити, со просечно неизвршување од седум години.

Лошите кредити во Грција достигнуваат 45% од вкупните кредити, што е највисоко ниво во еврозоната. „Катимерини“ пишува дека европските институции очекуваат намалување од помалку од 10 отсто до 2021-ва година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП